fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно и студено

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната од 2 до 9 степени целзиусови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната од 2 до 9 степени целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Утре, ќе биде стабилно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close