fbpx
ВестиИнтервјуаМакедонијаТоп вести

МВР не сака да дава државјанства со тројца сведоци

Предлог-законот за државјанство што го поднесоа албанските опозициски партии не наиде на поддршка во надлежните институции, пишува „Дојче веле“.

Предлог-законот за државјанство што го поднесоа албанските опозициски партии не наиде на поддршка во надлежните институции, пишува „Дојче веле“. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од три сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“.

 Додека измените поминуваат низ собраниските филтри, во јавноста се кршат копјата околу оправданоста на ваквиот предлог. Ставувањата се дали на ваков начин се отвара простор за злоупотреби околу делење државјанства на тацна, особено ако се покажат како точни калкулациите дека на тој начин до македонски документи би дошле 70.000 лица.

„Раководството на МВР има отворено процес, се разговара за тоа каде би требало да дојде до измени на Законот за државјанство за да им се овозможи на оние лица кои од сериозно објективни причини не можеле да добијат или пропуштиле некакви рокови во минатото, да можат да остварат право на државјанство на Р.С.Македонија, меѓутоа при тоа сепак да се заштитат националните и државните интереси“,  е ставот на МВР.

https://nezavisen.mk/mvr-ne-saka-da-dava-drzhavjanstva-so-trojca-svedoci/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close