МЗШВ со 25 милиони денари ќе пошумува земјишта во државна и приватна сопственост
Четвриот столб е зелената транзиција. Веќе се засадени над 150.000 садници на повеќе локации во Скопје, Петровец, Миладиновци, Велес и Ранковце.
Четвриот столб е зелената транзиција што е во согласност со Зелениот договор на Европската Унија. Почитувањето на зелените принципи, е клучно за постигнување на амбициозната цел за климатско неутрална Европа. Токму затоа, во 2023 ставаме фокус на зелената транзиција преку проектите во шумарството, информираат од МЗШВ.
Во делот на шумарството за Програмата за проширена репродукција на шумите, планирани се средства во износ од 25 милиони денари, кои ќе се користат за пошумување на голини и ерозивни земјишта во државна и приватна сопственост, спроведување на одгледувачки мерки за подобрување на квалитетот и структурата на шумите, со акцент на пошумување на опожарените површини. На овој начин МЗШВ интегрално пристапува кон зачувување и обновување на шумскиот фонд. Есенва имавме интензивни акции за пошумување поддржани од нашата програма, со што веќе се засадени над 150.000 садници на повеќе локации во Скопје, Петровец, Миладиновци, Велес и Ранковце.
Со зголемените средствата за 2023 година, истакнуваат од МЗШВ, пошумувањето ќе биде една од нивните цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава.