fbpx
Агро бизнисВестиМеханизацијаТоп вести

МЗШВ денеска беше домаќин на висока делегација од Република Црна Гора

Претстои многу работа, со цел билатерално унапредување и заеднички развој на нашите пријателски земји.

МЗШВ денеска беше домаќин на висока делегација од Република Црна Гора, предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Црна Гора, г-дин Александар Стијовиќ.

Министерот Хоџа заедно со министерот Стијовиќ заклучија дека двете министерства имаат многу полиња за соработка. За таа цел веќе денеска, се одржаа првични работни состаноци помеѓу делегацијата на Република Црна Гора и директорите на македонските Aгенции и Управи: Агенцијата за храна и ветеринарство, Платежната агенција, Управата за водостопанство, Управата за хидрометеоролошки работи и Управата за фитосанитарна политика.
Ова се четирите области во кои во следниот период претстои најмногу работа, со цел билатерално унапредување и заеднички развој на нашите пријателски земји.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close