fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ: Исплатени 153,2 милиони денари до 6.396 млекопроизводители за произведено и предадено млеко за март, април и мај 2021 година

Со дополнувањето на Интервентната програма предвидовме нова мерка вредна над 140 милиони денари преку која обезбедуваме поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 година до 30 септември 2022 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира млекопроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР ја реализираше исплатата кон млекопроизводителите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во периодот март, април и мај 2021 година.

Согласно пријавените предадени количини од страна на регистрираните преработувачки капацитети до 6.396 млекопроизводители се исплатени вкупно 153.224.548 денари.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Дополнително АФПЗРР започнува со подготовка на налозите за исплата кон млекопроизводителите за произведеното и предадено млеко во период јуни и јули 2021 година.

Млекопроизводителите ја имаат нашата поддршка. Со дополнувањето на Интервентната програма предвидовме нова мерка вредна над 140 милиони денари преку која обезбедуваме поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 година до 30 септември 2022 година.

Целта на оваа интервентна мерка е поддршка во намалување на трошоците и на загубите кај млекопроизводителите, кои како резултат на светската криза, се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и сточната храна. Средствата за оваа мерка се веќе обезбедени преку ребалансот на буџетот.

Одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Наша обврска како министерство е да го стабилизираме и зголемиме домашното производство, да го помогнеме производството на хрaна намалувајќи ги трошоците на земјоделците.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close