вестиМакедонијаТоп вести

Најава на настан во Општина Могила: Промоција на правилници, барања, услови и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско и неживотинско потекло

Во четврток, на 10.10.2020 година, со почеток во 12:00 часот во Општина Могила, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, а во соработка со единиците на локалната самоуправа организираат настан за промоција на новите правилници за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско и неживотинско потекло наменета за директно снабдување.

На настанот ќе учествуваат Директорот на Агенција за храна и ветеринарство г-динот Зоран Атанасов и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) г-динот Elgafar Jusufi, заменик директорот на АПРЗ г-динот Борче Петковски, градоначалниците и претставници на општините Могила и Новаци, претставници од земјоделски здруженија, организации на производители, инспектори за храна и официјални ветеринари од АХВ и советници од АПРЗ.

Правилниците ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарство и во нивна промоција на терен, покрај инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ, вклучени ќе бидат и советниците на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола.

Слични написи

Back to top button
Close