Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“ е казнета со 1.400 евра

Агенцијата за храна пред Велигден на Дрисла уништи 40 тони јајца што биле увезени во земјава од Србија, но требало да бидат пласирани на македонскиот пазар како „јајца од македонско потекло“.

Агенцијата за храна пред Велигден на Дрисла уништи 40 тони јајца што биле увезени во земјава од Србија, но требало да бидат пласирани на македонскиот пазар како „јајца од македонско потекло“. Во едната пратка беа пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца кои требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски и на таков начин да се загрози конкурентноста на домашното производство.

Неозначените јајца од Србија беа фатени во соработка со Царинската управа во рамки на засилените контроли на увозот на јајца пред Велигден. „Слободен печат“ во АХВ праша како бил санкциониран операторот што ја внел оваа голема количина на јајца во Македонија.

-За сторениот прекршок, на операторот со храна, кој е регистриран во АХВ, изречена му е парична казна во висина од 1.400 евра, а небезбедните необележани јајца беа нештетно уништени на депонијата Дрисла. И во однос на овој оператор со храна, како и за останатите увозници на јајца, на сила се мерките за зголемена фреквенција на инспекциски контроли на увозот и на домашното производство на јајца, велат од АХВ за slobodenpecat.mk

Поврзани новости

Back to top button