ВестиАгро бизнисМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со повремен локален дожд
Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Променливо облачно со повремен локален дожд, во југоисточните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски.





