fbpx
Вести

НАМАЛЕНО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ШУМСКИ ПРОИЗВОДИ ВО ДРЖАВНИТЕ ШУМИ

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од годинава е намалено за 0,1 отсто во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни и листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и кај другото грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци. 

 


 

локално.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close