fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Наместо породилно, ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство

Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител, па детето ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци

Место досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Ова се предвидува согласно новиот Предлог- закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој периодов ќе оддржиме серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари, објави вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на својот Фејсбук профил.

-Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно, наведува Тренчевска.

Министерката за труд и социјална политика посочува дека иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство. Значи, како што нагласи, останува со детето исто како и досега, 9 месеци.

-Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото, кои доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителството отсуство на мајката, значат дека детето, наместо досегашните 9 месеци, ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци, објави Тренчевска.

Според Тренчевска, воспоставувањето на трите вида на отсуство освен, обезбедување на заштита, имаат за цел и изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close