Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Насер Џемаили најавува протести поради задоцнетите вакцини за овците и бара оставка од директорот на АХВ

Џемаили најавува собир на сточарите во петок во Штип.

Насер Џемаили претседател на „Сојузот модерен сточар“ најавува протести поради задоцнетите вакцини за овците кои се соочуваат со болеста овча сипаница и бара оставка од директорот на АХВ, за како што вели, по трет пат ги излажа сточарите.

 

„За краток период по трет пат Директорот на АХВ ги излажa сточарите , во петoк сточарите се собираат во Штип и ќе се организираат за протести пред АХВ, ќе бараат оставка на Директорот.

Поради доцнењето со обезбедувањето на вакцините против сипаници од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, сточарите се соочуваат со сериозни проблеми. Додека вакцините доцнат, овчарите ги затекнува зимата и снегот на планините, што дополнително го отежнува навременото спроведување на вакцинацијата и ја зголемува загриженоста за здравјето на стадата. Потребна е итна реакција, пред последиците да станат уште посериозни!“, објави Насер Џемаили, претседател на Сојузот модерен сточар. 

Поврзани новости

Back to top button