fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Нивите во Полошко останаа необработени-трошоците се високи, а профиот мал

Нагип Рушити се занимавал со земјоделство околу пет децении. Но, минатата година, се откажа поради немање профит.

Нагип Рушити се занимавал со земјоделство околу пет децении. Но, минатата година, се откажа поради немање профит. Според него, последните 20 години се најцрни за земјоделството, притоа обвинувајќи ја државата дека воопшто не помага, објави Алсат https://alsat.mk/

„Никогаш не сме биле полоши од овие 20 години. Работевме напорно во последните 20 години, но само губиме. Синот тера некако, инаку други нема кои работат со земјоделство. Јас се повлеков од земјоделието. Владата не помага, ако не дадеш поткуп, нема. Конкурирав неколку пати за машините, ако не дадеш некому, нема машина. Мора да дадеш. Мојот внук конкурираше за најскапата машина, бидејќи нема да ја купи, на еден мито, на друг мито, и не останува ништо на крај. Големите се големи апаши, ненаситни“, рече Нагип Рушити, земјоделец.

Беким Решити од Мала Речица, вели дека некогаш немало нива без сеидба, а сега со зголемувањето на расходите нивите останале празни.

„Порано немаше поле на кое не се работеше, сега се чини дека се работат, но се целосно запуштени поради огромните трошоци. Немаме есап, и подобро ги оставаме несадени. Се чини дека државата помага, но помага со маслото, со нафтата колку да одиш до нива и да се вратиш, толку. За еден работник е тешко, па и за тие малкумина нема есап, 40-50 евра бараат и тоа со работно време плус храна. Фамилјарно се занимававме со земјоделство, но гледам дека тоа веќе не оди, сакам да оставам се“, нагласи Беким Решити, земјоделец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close