
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Наутро магла по котлините, преку денот променливо облачно
Врнежи од дожд ќе има во четврток, а пообилни врнежи ќе има за време на викендот.
Наутро со услови за појава на магла по котлините. Преку денот променливо облачно, претежно во планините со услови за појава на слаб краткотраен дожд кој ќе преминува во слаб снег. Особено попладне ќе има сончеви периоди и ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје наутро со услови за магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди особено попладне и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има во четврток, а пообилни врнежи ќе има за време на викендот. Од среда дневната температура во повеќето места ќе биде за 3 до 5 степени повисока.