fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Неготино организира натпревар за најдобри вина и ракии

Овој настан општина Неготино го организира по повод 14 февруари, празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“.

Општина Неготино организира натпревар за најдобри вина и ракии од индивидуални производители и семејни винарии, информираше денеска Методи Митрев, портпарол во локалната самоуправа. -И годинава ќе се дегустираат вина и ракии од индивидуални производители. Настанот е во рамките на одржувањето на манифестацијата „Неделата на виното-2023 година“. Овој настан општина Неготино го организира по повод 14 февруари, празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“. Ќе биде организиран натпревар во дегустација на бели, црвени и розе вина од реколтата 2022 година и ракии од индивидуални производители и семејни винарии. Право на учество имаат производители од Македонија, соопшти Митрев. Натпреварот ќе се одржи на 10 февруари, а мостри на ракија и вина можат да се достават најдоцна до деветти февруари, во зградата на општина Неготино. – Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од членови на Здружението на енолози на Македонија. За производителите на најквалитетни ракии и вина се предвидени награди и признанија, ќе им бидат доделени на централната прослава, што ќе се одржи на 14 февруари на градскиот плоштад во Неготино, појасни Митрев.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close