fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Нема кој да ги откупи сливите –  се жалат производители од Пијанечкиот регион

Во Пијанечкиот регион и оваа година има богат род на црна слива. Родот е со одличен квалитет но производителите се загрижени за неговиот откуп. Се плашат да не им се повтори 2018 година.

-Секоја година проблем е откупот. Сливата од овој регион е со најдобар квалитет ама нема кој да ја земе. Нема организиран откуп,  кој како ќе се снајде. Успеав да продадам еден шлепер на струмички дистрибутер ама за ништо, по 6 ден/кг со нивна берба. Цената не би требало да биде под 12 ден за да се исплати. Три денари одат за берачите еден за транспорт и кога ќе пресметаш ништо не останува, вели Исус Десподовски , производител од с.Вирче Делчево. Овде нема семејство што не одгледува сливи. Во вакви состојби приморани сме  да го напуштиме производството. Јас имав 4 ха со насад од црни сливи и еден хектар продадов  токму заради проблемот со откупот.

Десподовски вели дека ако не се најде решение родот ќе остане да скапува по нивите. Се плашат да не им се повтори 2018 година. Објаснува дека овоштарите не се организирани во некое здружение и индивидуално ги решаваат своите проблеми. И покрај тоа што во минатите две години разговарале со надлежните, сепак проблемите продолжуваат. Смета дека државата може да им помогне  со отворање на производствени капацитети за преработка на сливите или дестилерии.

Оваа година само во Пијанечкиот регион се очекува да се соберат од 12 000 до 14 000 тони сливи.

П.Јовановска

 

Слични написи

Back to top button
Close