
Нема пречки во увозот на земјоделски производи од Албанија
Нема застој ниту пречки во увозот на земјоделски производи од Албанија, реагира Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, по објавите дека, наводно, има застој. Министерот Михаил Цветков и државниот секретар Бесир Јашари разговарале со албанскиот министер за земјоделство Едмонд Панарити, при што е констатирано дека во моментот нема никакви пречки ниту блокада на земјоделски производи од Албанија во Македонија. Увозот се одвива редовно, по извршување на потребните фитосанитарни анализи. Албанските медиуми пренесоа дека македонските власти забраниле влез на поголема количина зеленчук, со образложение дека се потребни фитосанитарни анализи. Тие објавија дека, наводно, на граница биле блокирани два камиона со зеленчук, во вредност од 25 илјади евра.