fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Необичен оглас – цело село се продава за 260.000 евра

Селото останало пусто поради преселувањето на неговите жители во градските средини.

Село во близина на градот Замора во северозападна Шпанија, кое има 44 куќи, црква, училиште, хотел, бар, па дури и поранешна касарна на жандармеријата се продава за 260.000 евра.

Проблемот со празните села во Шпанија е зголемен во последните години, а не е невообичаено да се видат огласи за продажба на десетици куќи, но и цели села.

Веб-страницата „Идеалиста”, која обезбедува услуги за недвижнини, објави дека селото Салто, во близина на границата со Португалија, е ставено на продажба.

Како што е наведено во огласот, селото останало пусто поради преселувањето на неговите жители во градските средини.

Агенцијата за недвижности, која ги застапува сопствениците на имот во селото, соопшти дека неколку стотици луѓе веќе го погледнале огласот за селото.

Компанијата информира дека многу луѓе се јавиле за огласот, а особено заинтересирани за купување на селото се Шпанци, Португалци и Англичани.

Во близина на селото има природен парк кој е изграден во 1950-тите поради старата хидроцентрала, а бројот на жители постепено се намалувал по затворањето на централата во 1989 година.

Електраната била продадена на инвеститор на почетокот на 2000-тите за изградба на туристички комплекс, но проектот никогаш не бил реализиран.https://fokus.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close