
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
МЗШВ ќе гради рурална инфраструктура во селото Трн, Општина Битола за 478.338 евра
Договор од 478,3 илјади евра склучи Министерството за земјоделство со “Стентон градба“
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство склучи договор за изградба на рурална инфраструктура во селото Трн, Општина Битола, односно изградба на хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделското земјиште, со фирмата Стентон градба ДОО од село Оризари Битола.
Договорот е во вредност од 29.417.787 денари, или 478.338 евра.
Преземено од Е Магазин




