Агро бизнисВестиТоп вести

Владата ги намали акцизите на дизелот и бензините, Мицкоски уверува дека нема потреба за загриженост

Акцизата на дизелот е намалена за четири денари по литар, а на безловните бензини од 95 и 98 октани за два денари по литар, што според премиерот драматично ќе се почувствува кај цените на овие нафтени деривати, во позитивна смисла

Владата одржа итна вонредна седница на која донесе одлуки во врска со амортизирање на цените горивата, кои поради кризата со протокот на енергенси од Блискиот Исток бележат дисторзии и во нашата државата.

За одлуките на прес-конференција информира премиерот Христијан Мицкоски, кој наведе дека се донесени три конкретни мерки во однос на справувањето со кризата. Првата е дека се продолжува намалената стапка на Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 10 проценти за горивата до крајот на кризната состојба, која истекува околу 20 април, а втората одлука, која е новина, е да се намалат акцизите на дизелот за четири денари по литар, а безловните бензини од 95 и 98 октани за два денари по литар.

Ова, како што кажа премиерот, драматично ќе се почувствува кај цените на бензините и дизелот.

„Доколку не се случеше ова намалување на акцизата тогаш литар дизел ќе беше отприлика 102 денари, можеби и над 102 денари, така велат нашите калкулации бидејќи берзата се затвори во четврток поради велигденските празници и ќе се рестартира во вторник, а безоловните бензини 95 и 98-октански ќе беше поголем за 1,5 до 2 денари. Со ова намалување исто така ние имаме практично цена којашто ќе бидат минусирани 4 денари кај дизелот за литар, односно 2 денари кај безоловните бензини 95 и 98-октански“,

рече премиерот.

Поврзани новости

Back to top button