fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Невремето направи штети кај земјоделските култури во Росоманско

Локалната самоуправа на Росоман  објави јавен повик до жителите во населбата и другите населени места, да ги пријават штетите предизвикани од природната непогода од обилните врнежи од градобијни зрна.

Штети кај земјоделските култури во Росоманско се евидентирани по невремето што го зафати регионот пред неколку дена. Локалната самоуправа на Росоман  објави јавен повик до жителите во населбата и другите населени места, да ги пријават штетите предизвикани од природната непогода од обилните врнежи од градобијни зрна.

Во јавниот повик се појаснува дека станува збор за штети од невремето на 27 јуни, а оштетените земјоделци, треба да се пријават во општинските простории.

-Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта на подносител, трансакциска сметка и доказ за сопственост на имот, имотен лист или договор за закуп, се вели во јавниот повик до земјоделците.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close