fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Невремето предизвика поплавување и штети во гостиварско

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

Невремето со пороен дожд и град во Гостивар предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

-Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар, едена улица во населбата Бањешница е поплавена до вода која се слеала од каналот за наводнување. Вода навлегла во шест куќи и дворови во с.Беловиште, а еден локален пат не бил во употреба заради високото ниво на вода која течела по него. Жители од Циглана, општина Гостивар, предупредиле дека постои опасност од поплавување на куќи во овој дел на градот, но штети не се пријавени. Поплавување на две куќи со подруми и помошни објекти се пријавени на уште две локации, соопштуваат од ЦУК.

Посочуваат дека за санирање на штетите и испумпување на водата попладнево на терен се и припадници на Противпожарната единица, пренесува МИА

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close