fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Гир ја потврди ефикасната искористеност на ИПАРД мерките

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја потврди ефикасната искористеност на мерките од ИПАРД Програмата и успешната реализација на проектите финансирани од ИПА, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот ФБ.

На денешниот состанок со делегацијата на ЕУ во Македонија, како што наведува Николовски, се разговарало за влијанието на глобалната криза врз македонското земјоделство.

Станало збор и за сите мерки што Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема за земјоделците да имаат одржливо производство и стабилност на пазарот на храна.

-Евроамбасадорот Гир позитивно го оцени носењето на новата Програма за финансиска поддршка на земјоделството и спроведувањето на реформите во законската регулатива во делот на усогласувањето со европските регулативи, информира Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close