fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Сме поддржале 1.700 жени земјоделки со поддршка вредна над 1,1 милијарди денари

Жените земјоделки се во фокусот на мерките и политиките на министерството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во селото Тимјаник, општина Неготино, во пресрет на меѓународниот ден на жената 8 март оствари средба со успешни жени земјоделки, мали производители на храна и сопственички на мали винарии, членки на Националната Федерација на фармери.

„Примете ја мојата почит и искрена восхит за вештината со која го „туркате“ животот во добро и во зло. Вие сте тие кои знаат да направат баланс, да смислат и да остварат невозможно, да креираат и успешно да реалзираат или што би рекле народски „жената знае од едно да направи- две“, истакна министерот Николовски.

Жените земјоделки се во фокусот на мерките и политиките на министерството сите овие изминати години, а Националната Федерација на фармери искрен партнер со кој заедно ги унпаредуваме правата и статусот на жената земјоделка.

Во 2018 година, преку потпишувањето на Декларацијата за подобрување на еконосмкиот статус на жените од руралните средини, остваривме значителен исчекор во делот на економско јакнење на руралните жени, ставајќи посебен акцент на жените земјоделки. Наша заедничка заложба преку оваа Декларација е подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини.

Токму во остварувањето на нашите заложби посебен придонес даде мерката за поддршка на руралната жена, поддржувајќи ги жените од руралните средни, развивајќи ги нејзините претприемачки способности, но и овозможувајќи им на жените во руралните средни лидерство во семејното земјоделско стопанство.

Минатата година направивме иссториски чекор. Жените земјоделки, за прв пат, добија право да користат платено отсуство за мајчинство. Со усвојувањето на Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, започна реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка, во износ од 81.000 денари, за деветмесечен надоместок за мајчинство. Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство.

Оваа програма е времено решение, со цел да се излеземе во пресрет на жените земјоделки, до доненсување на системско законско решение, на чија подготвока посветено работиме со МТСП, НФФ и We Effect.

 

Годинава поддршката која ја даваме за оваа мерка од 81.000 ја зголемуваме на 100.000 денари, за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените земјоделки.

Овие години заедно се креирани повеќе нови мерки за поддршка на жените земјоделки, со кој постигнавме многу успешни резултати.

 

Во ЕРЗС системот денес имаме запишани 30.292 жени земјоделки, што е зголемување за околу нови 9000 жени земјоделки, споредбено со 2017 година. Ваквото зголемување доаѓа како резултат на успешните мерки за поддршка на руралната жена и младите земјоделци. Потоа на донесените правилници за  продажба од куќен праг, новите програми за поддршка на малите производители на храна, малите винарии и малите дестилерии. Како и новата мерка за поддршка бизнис план во земјоделството, но и многуте други мерки од програмата за рурален развој, како што се мерките за набавка на трактори, комбајни за ориз и жито, опрема за тутун, набавка на силоси, набавка на педигриран добиток.

 

Вкупно, до сега околу 1.700 жени земјоделки добиле финансиска поддршка по разни мерки во вредност од над 1,1 милијарди денари, а 320 жени добиле грант за мерката „Рурална жена“.

За само две години се доделени 67 грантови на жени земјоделки, преку програмите за поддршка на малите производители во вредност од 37 милиони денари. Од кои 36 жени добиле грант за производство на храна од неживотинско, 3 жени грант за храна од животинско потекло, 25 жени се добитници на грант за мали винарии, а 3 жени за мали дестилерии.

Кај мерката бизнис план поддршка добиле 115 жени земјоделки. Со поддршка во набавка на опрема и механизација се поддржани 626 жени во набавка на трактор, 12 во набавка на комбајн за ориз, 7 во набавка на комбајн за жито, 111 во набавка на системи капка по капка, 158 жени во набавка на педигриран добиток, 12 во набавка на силоси и 10 за набавка на опрема за тутун.

Она што е посебно, за нас како министерство, значајно е што 290 жени оствариле право и добиле грант преку мерката млад земјоделец.

Продолжуваме заедно да го унапредуваме и развиваме правото и стаусот на руралната жена, со уште поголема поддршка и внимание кон жената земјоделка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close