fbpx
ВестиТоп вести

Николовски вели дека секоја педа обработливо земјоделско земјиште ќе биде во рацете на вистинските земјоделци

Вчера во интервју во централниот дневник на Телевизија 24 во 17 часот, за новите мерки на Владата за поддршка на полјоделските култури, за капиталните инвестиции, водостопанската инфраструктура и за останатите актуелни случувања во земјоделството и идни мерки на Владата за развој на агросекторот, гостуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Влезот во ЕУ – ќе значи и многу нови правила. Иако преговорите стартуваат со најсензитивните прашања од поглавјата за корупција и слобода, сепак, најзначајната и можеби најобемна област што ќе треба да се регулира е земјоделството.

Главната цел на заедничката земјоделска политика е да се обезбеди стабилно снабдување на пазарите со земјоделски производи по пристапни цени од една страна и соодветен приход за земјоделците од друга страна. Со влезот во ЕУ – се отвора и пазар од 500 милиони потрошувачи, како и голем број на европски фондови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close