fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски ветува, сточарите за млекото ќе бидат исплатени комплетно до Нова година

За предадено млеко се исплаќаат согласно утврдената динамика и доцнат само две фази, но тоа не се две години, туку неколкумесечен период. Уште тие остануваат за исплата. До 31 декември се ќе биде исплатено за во новата 2023 година, прв пат по 15 години, да влеземе без денар долг кон сточарите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Сите основни субвенции во сточарството се исплатени, оние што се по грло, а за предадено млеко се исплаќаат согласно утврдената динамика и доцнат само две фази, но тоа не се две години, туку неколкумесечен период. Уште тие остануваат за исплата. До 31 декември се ќе биде исплатено за во новата 2023 година, прв пат по 15 години, да влеземе без денар долг кон сточарите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што информира Николовски, со интервентната мерка што утре ќе поминe на Влада, за сточарите ќе се обезбедат уште два милиона евра поддршка, а паралелно се носи и новиот закон за пасишта.

Николовски уште еднаш потсети дека во 2017 година, кога станал министер, девет фази од поддршката за млекото не биле исплатени.

-Сега, со ребалансот на Буџетот, обезбедивме вкупно 2,7 милијарди денари за директни плаќања, за сите фази во земјоделството за кои државата должи, а целта е сите заостанати субвенции, особено кај сточарите, да бидат комплетно исплатени до 31 декември 2022. До 31 декември ќе ги исплатиме сите средства, и кон сточарите и кон сите останати производители и во 2023-година ќе влеземе без никакви долгови кои успеавме да ги изменаџираме, а ги наследивме од претходната власт. Точно е дека од основањето на Платежната агенција до денес најмногу се доцни со исплата на субвенции за сточарите. Ние сме постојано на нивна страна и на страната на производителите на млеко, но не сме институција која може да кажува колку ќе биде цената на млекото, ниту како држава сме единствените што сме погодени од кризата. Слушам паушални информации дека е намалено производството, а само четири проценти е намалено годинава во однос на лани, подвлече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по по примопредаваето на униформите и опремата за шумската полиција од Италија.

Николовски е сигурен, како што рече, дека мерките креирани со Интервентиот фонд и сите останати што беа преземени пред кризата, денес ги даваат резултатите во секој сектор.

-Рекорди рушиме со мерката за набавка на приплоден добиток. Во јуни се склучени договори за 3 700 грла со 400 различни апликанти кои сега го набавуваат добитокот. Постојано креираме нови мерки кои значат раст и развој, а тука е и новиот модел на субвенции, потенцира Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close