fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски задоволен-Големиот интерес кај земјоделците за доделување на земјоделско земјиште ме прави среќен

Дополнително веќе подготвивме нови 4 јавни огласи каде на располагање ставаме 4.457 хекатари државно земјоделско земјиште до 3 хектари, распоредени во 31 регион низ државата.

Големиот интерес кај земјоделците на јавниот оглас за доделување на земјоделско земјиште ме прави среќен дека успеавме. Големиот интерес значи зголемено домашно производсто, а токму тоа беше и нашата цел кога го донесовме Националниот план за производство на храна. Преку овој оглас на располагање ставаме дополнителни 5.722 хекатри земјоделско земјиште над 3 хектари, за обработка на житни култури, распоредени во 14 региони на повеќе од 650 целини, пишува министерот Љупчо Николовски на Фејсбук.
Не оставаме ни педа необработено земојделско земјиште, зголемувајќи го домашното производство ја намалуваме увозната зависност од стратешки култури на земјата и директно помагаме на секој граѓанин.
Дополнително веќе подготвивме нови 4 јавни огласи каде на располагање ставаме 4.457 хекатари државно земјоделско земјиште до 3 хектари, распоредени во 31 регион низ државата.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close