fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Фермонски стапици за рано детектирање на јаболковиот црв

Рано откривање на напад од јаболковиот црв врз јаболковите насади што ќе допринесе кон навременно третирање и намалена примена на хемиски средства за заштита, заштеда на пари, сезонски работници и квалитетен производ, ќе овозможат фермонските стапици помош за овоштарите преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија“.

 

Во насока на поддршка на земјоделците од здружението „Благој Кoтларовски“ од Ресен (членка на Националната федерација на фармери) преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија“, поддржан од Шведската амбасада/ Сида и We Effect, Националната федерација на фармери им додели фермонски стапици за рано детектирање на јаболковиот црв и репроматеријали ( тегли и шишиња) за фокус групата на рурални жени во рамките на здружението.

„Ваквите поддршки се значајни за нас земјоделците и посебно што се даваат преку здруженијата со кое се овозможува заедничко работење и економско јакнење на земјоделците. Фермонските стапици ќе се постават покрај седумте метеролошки станици на здружението и навремено ќе се детектира штетникот јаболков црв и ќе се презема навремена заштита. Она што сакам да истакнам дека покрај Корона кризата која е голем проблем за цел свет, за нас земјоделците голем проблем се и климатските промени, посебно сушите. Еве ние во Преспа се соочуваме со еколошка катастофа, како што е повлекување на водата од Преспанското езеро, кое и како ќе направи нарушување на биодиверзитетот тука и земјоделците најмногу ќе го почуствуваат. Исто ако се продолжи со сушните периоди ние ќе се соочиме со недостаток на вода и на тоа мора сериозно да се рaзмислува, бидејќи интензивното јаболкопроизводство ќе исчезне“,  потенцира Љубе Пампулевски, претседател на здружението „Благој Котларовски. Посетата е реализирана од страна на Стеванче Јорданоски, член на УО на НФФ и Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер во НФФ, информираат од федерацијата.

Слични написи

Back to top button
Close