fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нивите во Пелагонија во кал, посадениот тутун скапува

Добар дел од тутунарите во Пелагонија чекајќи да се подобрат временските услови, расадот им порасна во леите, па велат кога тутунот брзо расти не е добро за квалитетот, зашто овој тутун е ситно лисен.

Дождот и неповолните временски прилики ги одлагаат роковите за расадување на тутунот, се жалат пелагониските тутунари.

Врнежливото време и влажната пролет оваа година не им оди во прилог на тутунарите, расадот им остана по леите не посаден,  а и оние што влегоа во нивите да садат, силните и поројни дождови им направија штети. Вчера околу 16 часот силен пороен дожд го погоди регионот на Пелагонија, па тутунарите се жалат дека  и посаденото плива во вода и кал и ќе мора да ги пресадуваат нивите онаму каде водата не може да се исцеди и тутунот  е во влага и скапува.

Марјанчо Цветкоски (39) тутунар и еден од покрупните земјоделци од прилепско чии ниви се во атарот на селата Марул,  Старо Лагово и Чумово, вели дека расадот им порасна во леите, а веќе неколку дена не можат да влезат со тракторите по нивите поради кал и голема влага.

„Денеска водата се повлекува од нивите, ама се уште е калливо и тешко дека неколку дена ќе се влезе со механизација за да се сади тутунот. Град немаше ама за кратко време наврна многу дожд, ќе имаме штета онаму каде тутунот лежи во вода. Идеално време за садење на тутунот е во втората половина од  мај, ама за жал не е и годинава, тие рокови се пробиени“, се жали Цветкоски, тутунопроизводител.

На добар дел од тутунарите во Пелагонија чекајќи да се подобрат временските услови, расадот им порасна во леите, па велат кога тутунот брзо расти не е добро за квалитетот, зашто овој тутун е ситно лисен.

„Пет дена не може да се влезе во ниви, ако продолжи да врни ќе биде бетер. Расадот прасна колку да се обере прва рака, тоа не е добро“, велат тутунарите.

Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци смета дека штетите кај тутунарите нема  да бидат значителни бидејќи ќе настрада само тутунот кој е залиен со вода и ќе треба пресадување.

„Дождот оваа пролет од една страна ја олесни работата на тутунарите за речиси 40 проценти со тоа што при садењето не се мачат да наводнуваат, но од друга страна расадот порасна имаат проблеми онаму каде влагата е поголема па расадениот тутун е во вода. Засега е рано да се зборува за штети“, смета Стојкоски.

текст и фото Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close