fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Грантови од 40.000 евра и индивидуални обуки за иновативни идеи во земјоделието, производството на храна или одржливиот туризам

Дали имате иновативна идеја која наоѓа примена во земјоделието, производството на храна или одржливиот туризам?

Дали сте подготвени да го подигнете вашиот стартап на следното ниво? Или имате иновативна идеја која наоѓа примена во земјоделието, производството на храна или одржливиот туризам? Дали сте претприемач/ка или сопственик/чка на мал бизнис во наведените индустрии? Тогаш новиот повик на Преда Плус Фондацијајата за Agritech и Tourtech е совршена можност за вас. Имате можност да добиете грант до 40.000 евра доколку со вашата стартап идеја предвидувате  економски активности и вработувања во Регионот на Преспа.

Сите апликанти кои ќе бидат избрани во стартап програмата добиваат обуки прилагодени индивидуално на нивниот бизнис концепт и идеја, менторство од експерти во области од фокусот на интерес и можности за вмрежување. “Само стартапите/стартап тимовите кои успешно ќе ја поминат стартап програмата на ПРЕДА Плус Фондација ќе имаат есклузивна можност да аплицираат во грантовата шема на EU4EG (грантова шема која нуди грантови до 50.000 евра, со минимум 20% кофинансирање)”-истакнуваат од Преда плус фондацијата.Нема подобар начин да ја претворите вашата иновативна идеја во реалност.

Програмата Agritech и Tourtech на Преда Плус Фондацијата им нудат на иновативните стартапи можност да ја претворат бизнис идејата во реалност. Програмите се специјално дизајнирани за стартапи фокусирани на развој на нови технологии кои имаат потенцијал значително да влијаат на овие индустрии. Agritech и Tourtech стартап програмата на Преда Плус Фондација нуди единствена можност за имплементација и тестирање на нови технологии и бизнис моделин на  стартап идеи и иницијативи од целата држава.

Грантот е наменет да им помогне на претприемачите и малите бизниси да растат, да отворат работни места и да придонесат за локалната економија. Повикот за аплицирање е отворен пред неколку денови и ќе трае до 31 мај 2023 година, затоа не пропуштајте ја вашата шанса да аплицирате.

Посетете https://predaplus.eu/startup/agritech-tourtech/ за повеќе информации и он лајн аплицирање и можеби вашиот стартап може да биде следната голема работа во индустријата за храна, земјоделство или одржлив туризам. Реализирањето на акцелераторската стартап програма на Преда Плус Фондација во општина Ресен, е поддржано од проектот „ЕУ за економски раст“ кој е финансиран од ЕУ и Германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски акции, а имплементиран од страна на ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка и AreaScience Park.

Изворhttps://inovativnost.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close