fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Се бара решение за вишокот на тутун за кој првично има согласност од откупувачите дека ќе биде откупен

Хоџа-На 75% од откупениот тутун заеднички ќе се состанеме и ќе изнајдеме решение за вишокот на тутун за кој првично има согласност од откупувачите дека ќе биде откупен. Ова е тоа на што се согласија сите откупувачи освен „Сокотаб“

 

Секој ден јас како министер ќе ја објавувам продадената количина на тутун и просечната цена, се обврза министерот за  земјоделство Арјанит Хоџа пред тутунарите на средбата во петкот. Хоџа рече дека ќе бара решение и за вишокот на тутун.

-Исто така на 75% од откупениот тутун заеднички ќе се состанеме и ќе изнајдеме решение за вишокот на тутун за кој првично има согласност од откупувачите дека ќе биде откупен. Ова е тоа на што се согласија сите откупувачи освен „Сокотаб“. Протестите сега нема да бидат со блокирање на патишта и насочени за цела држава туку ќе се одвива пред компанијата која не се согласува со ова што ние заеднички го договоривме. Но мислам дека и тие имаат време до понеделник, можеби имаат потреба од дополнителна консултација со нивните шефови и газди така што ќе чекаме на позитивен епилог од тоа, истакна Арјанит Хоџа, министер за земјоделство.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close