Агро бизнисВестиТоп вести
Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато
Под влијание на циклонска активност денес ќе има пообилни врнежи кои наместа ќе бидат над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m². Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува брзина над 70 km/h.
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност среда и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (утре над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Утре и во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.





