fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Нова кредитна линија за помош на компаниите погодени од корона вирусот

Микро, малите и средните компании од сите дејности погодени од ковид-19 кризата ќе можат да аплицираат за „ковид-2“ линијата за бескаматни кредити во износ од 8 милиони евра.

Министерката Ангеловска најави дека веќе од среда (29 април) микро, малите и средните компании од сите дејности погодени од ковид-19 кризата ќе можат да аплицираат за „ковид-2“ линијата за бескаматни кредити во износ од 8 милиони евра.

– Ова ќе биде значајна помош, особено за микро и малите компании. Линијата „ковид-2“ нуди поголема вкупна сума од линијата „ковид-1“, но и поголем износ на поединечни кредити, а она што е важно таа ги опфаќа сите дејности погодени од кризата и има олеснети услови и олеснет начин за аплицирање. Овие средства се наменети за зачување на работните места и за заштита на ликвидноста на микро, малите и средните претпријатија – изјави Ангеловска.

Средствата за овие кредити се обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија. Нашите земји традиционално имаат добри односи, поради тоа што и досега сме имале поддршка од оваа земја.

Слични написи

Back to top button
Close