Агро бизнисБез категоријаВести
Новата Влада да донесе и нови откупувачи на тутунот, повикува „Тутунска надеж“
Воведување интервентен државен откуп и исклучување на човечки фактор при формирање цена на тутунот.
Приоритет на новата влада, што се однесува до тутунот, треба да биде привлекување нови откупувачи, воведување интервентен државен откуп и исклучување на човечки фактор при формирање цена на тутунот. Треба да се воспостават трајни параметри според кои ќе се формира цена која ќе дава гаранција за задоволителна заработувачка.
Исто така треба законски да се регулира и ангажирањето на работници бидејќи она што до сега беше пракса ем потикнува сива економија ем ги онеправдува работниците ем ги држи во напната неизвесност работодавците.
Тутунска надеж разгледува сет мерки кои во даден момент ќе бидат претставени пред тутунарите и по општо разгледување – предложени во МЗШВ, стои во соопштението од здружението Тутунска надеж.