Нови мерки против ширење на ковид-19
Угостителските објекти ќе работат до 23 часот.
Македонската влада на својата 13 седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести. Со тоа, се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот, а државната и јавна администрација да го организираат работењето од дома или во смени.
Меѓу новите мерки е и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50%, а прифатена е и препораката се уште да остане во сила забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.
Владата ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.