
Пријави за субвенции за камати за проектите од ИПАРД
Почна пријавувањето за корисење на субвенциите за земјоделските камати за проектите поддржани од европската ИПАРД програма. Половина од каматата треба да ја плаќа државата. Пријавувањето е до 25-ти декември годинава.
Земјоделците и правните лица на кои им се одобрени нови инвестиции со средствата од европските предпристапни ИПАРД фондови, можат да побараат субвенционирање на банкарските камати.
Субвенцијата се однесува за половина од каматната стапка која не може да биде поголема од осум проценти и за кредити не се поголеми од 500.000 илјади евра.
Субвенционирање на каматните стапки има за цел поголемо искористување на парите од европската ИПАРД програма и ќе важи за кредити за земјоделствотo земени од сите деловни банки.
Пријавувањето е електронски и ќе трае до 25-ти декември годинава.