fbpx
ВестиТоп вести

Нови методи за анализа на земјата

seed lenta

 

Истражувачите од  одделот за патологија на растенијата од Државниот Универзитет од Монтана, развија ефикасен поефтин начин за анализа на земјата. Траките со семиња, од биоразградлива хартија кои се ставеани на полето за 10 до 20 дена ќе покажат кои хранливи  материи недостигаат vo земјата. Ако растенијата пораснат силни и здрави, хранливите материи од земјата се на задоволувачко ниво и не се ограничувачки фактор за производство. Ако растенијата се развијат, но се жолти, слаби или изумрат, тогаш нешто недостасува.

Овој индикатор содржи  мутирани семиња, секое од нив внимателно избрано така да  реагира добро на примање само на одредени хранливи материи во земјата. Доколку има многу од хранливите материи,  семето ќе расте, но доколку земјата содржи помалку хранливи материи, растението ќе се бори и тешко ќе се развива.

Секоја трака со семиња тестира по една хранлива материја. Од четиринаесет главни хранливи материи кои се потребни на растенијата за раст, тимот изолирал мутант семиња за проценка на девет од нив – нитроген, фосфор, сулфур, калциум, цинк, бор, селен, бакар и молибден, а се работи и на индикатори за потазиум, магнезиум, железо, кобалт и манган

Придобивките се многу поголеми штом се знае кои хранливи материи се достапни и погодни за растението во земјата. За разлика од традиционалната хемиска анализа на земјата која може да покаже колку хранливи материи има во земјата, овој вид на анализа покажува и кои материи од нив може да се користат
и одговараат на одреден вид растенија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close