Ново зголемување на минималната плата на 22.500 денари во 2024 година
За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за повеќе од двојно, за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ.
Во новата година продолжува растот на платите и пензиите, со СДСМ секој работник добива повеќе. Веќе од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари. СДСМ за 6 години ја зголеми минималната плата 4 пати а оваа 2024 година следува и ново зголемување вели претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Елена Устамитова.
– Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а во некои сектори како кожарската и текстилната индустрија работниците земаа и помала плата. За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за повеќе од двојно, за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ. Тоа е повеќе за сите. Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, нешто што беше незамисливо со ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари. Просечната плата е за 300 евра поголема денеска во однос на она што беше во 2016 година. Платите и пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ, рече Устамитова.