
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
НЗМ јавно се извинува за пропустот – ИПАРД програмата е активна
НЗМ доби демант од директорката Даниела Иротова Лазарева, според која, во моментот програмата ИПАРД е активирана и е во функција и дека престои период на распишување јавен повик за аплицирање и најверојатно тече исплатата према апликантите од претходните повици.
Јавно извинување од Националната земјоделска мрежа! Почитувани наши колеги!
Во врска со вчера објавениот пост од страна на НЗМ во кој се споменува дека програмата ИПАРД е блокирана на неодредено време, добивме демант од директорката Даниела Иротова Лазарева, според која, во моментот програмата ИПАРД е активирана и е во функција и дека престои период на распишување јавен повик за аплицирање и најверојатно тече исплатата према апликантите од претходните повици.
Во тој контекст НЗМ јавно се ИЗВИНУВА за пропустот поради неинформираност во приложениот пост и очекуваме што побргу распишување на повикот за аплицирање и правилна и транспарентна распределба на сретствата.
Со почит НЗМ




