Обем на стоковната размена со странство
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 228.860.406 илјади денари,
изразена во долари 4.123.350 илјади САД долари, односно 3.714.620 илјади евра.
Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2015 година,
изнесува 322.614.220 илјади денари, изразена во долари 5.811.860 илјади долари, односно 5.236.374 илјади
евра.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 93.753.813 илјади денари, изразен во долари 1.688.510 илјади САД долари, односно 1.521.754 илјади евра.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2015, изнесува 70.9% .
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.