
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно, попладне ќе има изолирана појава на нестабилност
Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.