fbpx
ВестиЕкологијаМакедонија

Времето денеска, облачно со дожд, на планините снег

Нови врнежи наместа пообилни ќе има од ноќта кон понеделник, а во вторник услови за појава на дожд ќе има во крајните западни делови.

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, од рано наутро со врнежи од дожд, а на планините на запад со снег. Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд се очекува на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 4 до 10 степени.

Нови врнежи наместа пообилни ќе има од ноќта кон понеделник, а во вторник услови за појава на дожд ќе има во крајните западни делови. Од среда ќе е малку постудено и во тој период врнежите на планините ќе се од снег, а снег може повремено да провејува понекаде и на повисоките места. Во останатите делови врнежите ќе се од дожд.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close