fbpx
ВестиМакедонија

Обид на премиерот Заев за деблокада на Собранието

Премиерот Зоран Заев во понеделникот по разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, најави дека за денеска во 10 часот е закажана средба со претставници на Алијансата за Албанците и Алтернатива на која ќе се разговара за Законот за државјанство, но и за сите останати прашања.

Средбата, според Заев, е на барања на Алијанса и Алтернатива, а на неа ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи и за правда, а поканети се и координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.

– Нека дојде и Левица ако мислат дека треба да бидат присутни. Јас ќе бидам присутен со министерот за внатрешни работи и за правда за да изнајдеме решение се со цел власта да покаже доблест и разбирање за сите барања на опозицијата кои се разумни и рационални, изјави Заев во понеделникот.

Премиерот вчера повтори дека во Владата постои волја да се најде решение за Предлог-законот за државјанство, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива, кое ќе се базира на европските практики.https://nezavisen.mk/obid-na-premierot-zaev-za-deblokada-na-sobranieto/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close