fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Објавен јавен повик за организаран одмор на работници со ниски приходи

Според јавниот повик, кој денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија, оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари.

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Според јавниот повик, кој денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија, оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да можат да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во земјава, кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

-Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спроведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата, се вели во соопштението од Министерството за економија.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страната на Министерство за економија

-Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам, информираат од Министерството за економија.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден прв услужен“.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.

Јавниот повик и конкретните документи кои треба да се достават може да ги најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2974

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close