Ниските температури не се штетни за посевите во Струмичко

Ниските температури од минус 17 степени измерени во Струмичко засега не се штетни за посевите, сметаат земјоделските стручњаци.

Според д-р Ристо Вучков,експерт за заштита на растенија, снежната покривка, која во Струмичко изнесува околу 15 сантиметри, не дозволува да има штети на посевите од есенската сеидба.

– Овие температури можат да бидат знак за една добра зима, бидејќи на вакви ниски температури голем број од патогените и штетни инсекти умираат, вели Вучков.

Додава дека е многу значајно колкава е должината на ниските температури за да причинат штети на посевите. Засега времетрењето на ниските температури од над минус 15 степени се забележува само во утринските часови, а преку денот има зголемување.

Од Центарот за известување информираат дека сите патишта во Струмичкиот регион се проодни, а ниските температури засега не причинуваат проблеми на граѓаните.

Од ЈПКД „Комуналец“, сооштија дека сите локални патишта и главни градски сообраќајници се проодни, а зимската служба на претпријатието го расчистува снегот и мразот од пешачките зони во градот.

извор: сител

Share Button