fbpx
Агро бизнисВестиИнтервјуаТоп вести

Од 1 јануари 2020 досега регистрирани поголем број производители на вино отколку во претходните 30 години

Во интервјуто за МИА што ќе биде објавено во сабота, Николовски зборува и за ИПАРД 3, за состојбата со пасиштата, за земјишната политика, за реализираните капитални проекти, но и за прилагодувањето со европските аграрни политики.

Од 1 јануари 2020 година во земјава се регистрирани вкупно 68 микро винарии. Согласно новата Пргограма за поддршка што беше усвоена на вчерашната владина седница, тие ќе можат да бараат грантови од 10.000 евра за опрема и за консултантски, енолошки услуги.

Според министерот за земојделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Програмата за малите винарии се креира прв пат и моментно „тежи“ пет милиони денари. Но, интенцијата е да се обезбедат средства и да се поддржат сите апликанти кои ќе достават комплетни барања.

Во интервју за МИА, Николовски најавува и нов закон за вино, по европски терк, како и уште две нови програми – за поддршка и грантови на сите семејни производители на производи од животинско и неживотинско потекло.

-Во март ќе го завршиме новиот закон за вино, проект почнат пред три години. Се работи за сосема нов, европски закон кој ќе биде готов наредниот месец. Инаку, веќе имаме 68 винарии регистрирани од 1 јануари 2020 година – концепт што беше многу оспоруван, а „големите“ сакаа да не се случи и го кочеле во изминатиот период. Но, ете, се случи. Всушност, од 1 јануари 2020 година имаме регистрирано поголем број производители на вино отколку во сите 30 години претходно. Тоа значи ставање на располагање на сите капацитети и ресурси, либерализација и поттик на сите што сакаат да се занимаваат со семејни бизниси, бутик винарии. Владата вчера ја усвои Програмата за мали винарии – грантови од 10.000 евра за сите што сакат да инвестираат во опрема, капацитети. Овие грантови опфаќаат и ангажирање енолози, нагласува Николовски.

Тој смета дека е потребна поддршка не само за регистрираните мали винарии, туку и за другите семејни производители.

-Навистина сметам дека е потребна поддршка на сите регистрирани и винарии и други мали семејни производители. Треба да пратиме порака дека нивната бројка ќе расте. Во овој контекст, сакам да најавам уште две нови програми – за поддршка и грантови на сите семејни производители на производи од животинско и неживотинско потекло, на оние на кои им овозможивме да продаваат од куќен праг. Тие ќе аплицираат прку посебни програми, потенцира министерот.

Во интервјуто за МИА што ќе биде објавено во сабота, Николовски зборува и за ИПАРД 3, за состојбата со пасиштата, за земјишната политика, за реализираните капитални проекти, но и за прилагодувањето со европските аграрни политики.

Министерот најавува изградба на три откупни центри и уште еднаш порачува дека за политикантство во земјоделството веќе нема место и дека е крајно време за сериозни реформи. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close