Од денес полесно до работа во Македонија, Србија и Албанија
Заинтересираните прво треба ги следат предвидените чекори за регистрација и апликација.
Мерката слободен пристап до пазарот на трудот е достапна за граѓаните на Македонија, Србија и Албанија, односно на трите држави членки на иницијативата „Отворен Балкан“. Воедно, и потписнички на меѓународните договори за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан; и за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Со што на своите жители им ја обезбедија можноста да бараат работен ангажман и да се вработуваат во некоја од тие соседни земји. Со единствена дозвола и под услови кои важат за локалните граѓани, пренесува порталот Пари.
До остварување на целта, заинтересираните прво треба ги следат предвидените чекори за регистрација и апликација.
„Заинтересираните граѓани за слободен пристап до пазарите на труд на Северна Македонија, Албанија и Србија најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави. Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена“, информираат од владината прес-служба..
Понатаму, откако ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, со тој број треба да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија https://euprava.gov.rs/ или во Албанија https://e-albania.al/.
Подетални информации за целосната постапка можат да се добијат на следните линкови:
- https://uslugi.gov.mk/otvoren-balkan.nspx
- https://av.gov.mk/otvoren-balkan-severna-makedonija-srbija-i-albanija-ns_article-izvestuvanje-za-otpocnuvanje-na-uslugata-sloboden-pristap-do-pazar-na-trud.nspx
Извор https://pari.com.mk/