fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Погледнете како изгледа-Ставаат соларни панели над нивите за да произведуваат и енергија и храна

ВИДЕО-Агриоволтаика или праксата на користење на земјиштето за соларна енергија и за производство на земјоделски култури е во подем во Франција.

Агриоволтаика или праксата на користење на земјиштето за соларна енергија и за производство на земјоделски култури е во подем во Франција. Во регионот От-Саоне во североисточниот дел од земјата се спроведува експеримент од страна на компанијата за соларна енергија TSE. Целта е да откријат дали соларната енергија може да се генерира без да се уништат посевите на житарки под нив.

Претходните обиди да се експериментира со агроволтаици биле со помали размери. Но, бидејќи сакаат да ги видат ефектите на индустриско ниво, се поставуваат 5.500 соларни панели над цела фарма во градот Аманс.

Ако експериментот биде успешен, ова ќе биде револуционерно откритие не само за секторот земјоделство, туку и за индустријата за соларни панели. Друга цел на проектот е да се задоволат потребите на Франција за обновлива енергија без да се уништува земјоделско земјиште за тоа, велат од TSE.https://inovativnost.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close