вестиМакедонијаТоп вести

Од денес задолжително носење маски

Заштитна опрема за лице и нос може да биде респираторна маска; хируршка маска за еднократна употреба; текстилна маска за повеќекратна употреба; свилена марама или шал, памучна марама или шал, и други слични прекривки за нос и уста.

Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот. Повеќето заболени од коронавирусот, заболуваат преку вдишување на капки со вирусот издишани или искашлани од некој во непосредна близина. Физичката прекривка на носот и устата ќе го спречи тоа.

Оваа мерка во ќе важи за територијата на целата држава почнувајќи од денес, четврток, 23 април.

Маските или марамите треба да се носат при движење на отворен простор, затворен јавен простор и во јавниот сообраќај.

Заштитна опрема задолжително се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица, како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи како и при користење јавен превоз.

На отворено, заштитна опрема задолжително се носи на пазари и на отворени простори каде нема можност да ја одржувате физичката дистанца од 2 метри до другите лица во близина.

На отворено, заштитна опрема НЕ се носи само ако престојувате во дворот или терасата од вашиот дом; ако возите велосипед, ако спортувате на отворено или ако се возите во патничко возило со лица со коишто живеете во заедница или домаќинство.

Да бидеме крајно внимателни. Да бидеме одговорни и да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавирусот, апелираат надлежните.

Слични написи

Back to top button
Close