fbpx
Вести

Поради поскапите препарати македонскиот ориз неконкурентен на европскиот пазар

Заврши жетва на оризот, но останаа старите проблеми – ниска откупна цени, слаб пласман на производството и неконкурентност. Оризопроизводителите сметаат дека, цената на светските берзи е реална и се базира на трошоците на производство, меѓутоа проблемот е во тоа што нивните производствени трошоци се повисоки поради поскапите препарати. Токму тоа нив ги става во подредена положба и го прави македонскиот ориз неконкурентен на европскиот пазар.

Дополнителен проблем на кочанскиот ориз годинава му нанесе и информацијата за присуство на генетски модифициран ориз на македонскиот пазар.

Затоа оризопроизводителите бараат од државата да дозволи увоз на сертифициран семенски материјал, односно да го задолжи Земјоделскиот институт да ја преземе таа надлежност, наместо трговците кои продаваат семе за кое не знаат дали воопшто ќе даде некаков принос.

Производителите на ориз се пожалија дека годинава имале проблем и со набавката на заштитни препарати, бидејќи на пазарот се нашле поголеми количини што биле увезени без дозвола. Поради нелојалната конкуренција со цените, овластените увозници беа принудени да го намалат увозот, што предизвика недостиг на одделни препарати.

Недостигот на заштитни препарати ја зголеми нивната цена на чинење која во Македонија е повисока од оние кои се продаваат во Италија и Турција.

– Чинењето на производството не е исто. Во Италија, на пример, цената на препаратот за еден хектар е половина од цената по која се продава кај нас, вели Мијалче Кузманов, оризопроизводител од село Чешиново.

Во Турција, пак, цената на препаратите и ѓубривата е три пати помала во однос на таа што ја плаќаат македонските оризопроизводители.

Актуелната цена за килограм арпа е 18 денари, а белиот ориз од италијанските сорти се откупува за 38 и 40 денари за килограм.

Од годинашната реколта се очекува да се ожнеат над 26.000 тони оризова арпа, но поради проблемите со откупот земјоделците се сомневаат дека ќе можат да го продадат.


 

vecer

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close