Од полноќ поголемо намалување на бензините, дизелот дури за пет денари
Со денешната одлука дизелот ќе се продава за 79,5 денари за литар
Според изјавата на Бислимоски, дизелот од полноќ поевтинува за пет денари за литар, а поголемо намалување ќе има и кај бензините
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, во изјава за МИА најави поголемо намалување на цените на горивата од полноќ.
Според изјавата на Бислимоски, дизелот од полноќ поевтинува за пет денари за литар, цената на бензинот еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а литар еуросупер БС-98 ќе се продава по цена пониска за четири денари.
Споредено со цените на горивата од последната одлука на РКЕ од 7 декември, со денешната одлука дизелот ќе се продава за 79,5 денари за литар, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 77,5 денари, а еуросупер БС-98 ќе чини 79,5 денари за литар.
Според најавата на првиот човек на РКЕ, од полноќ намалување на цените ќе има и кај екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.